Пронајден трупот на легендарниот брод на капетанот Кук

Научниците тврдат дека го пронашле трупот на „Ендевор“, британски брод на воената морнарица со кој командувал познатиот британски истражувач Џејмс Кук, кој потонал во близина на Њупорт во Роуд Ајланд во 1778 година.

brod-na-kapetan-kuk-1

Трупот на бродот на легендарниот британски истражувач Џејмс Кук наводно е пронајден од страна на тим научници во близина на брегот Роуд Ајленд.

Токму на „Ендевор“ капетанот Џејмс Кук го остварил првиот забележан контакт на Европејците со источниот брег на Австралија, Хаваи, и првото пловење околу Нов Зеланд.

Кук вршел команда на овој брод во периодот од 1768 до 1771 година, кога го извел своето познато патување со цел мапирање на неистражените води во јужен Пацифик.

Со години локацијата на потонатиот брод беше чувана во тајност.

Наводно „Ендевор“ неколку пати ги менувал сопствениците, додека конечно не е преименуван во „Лорд Сендвич“ и користен во британската блокада на бунтовничките американски колонии.

Поморскиот археолошки проект Роуд Ајланд (РИМАП) открил труп на местото на кое се наоѓаат уште пет бродови, и кои се лоцирани во близина на аеродромот „Њупорт“ на Роуд Ајланд.

– Врз основа на неговата големина, димензија и овие податоци, знаеме дека „Сендвич“ бил „Ендевор“ соопштиле од РИМАП.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.