Прилеп еден од градовите со најдобра спортска инфраструктура во Македонија (ФОТО/ВИДЕО)

sadad

Со средства и иницијатива од локалната самоуправа, а во соработка со МОН, АМС, ФФМ, Владата на РМ, приватниот сектор и други организации во изминативе години во Прилеп се изградија голем број на спортски објекти, со што Прилеп стана еден од градовите со најдобра спортска инфраструктура во Македонија.

Градот доби 4 нови спортски сали во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Кузман Јосифоски Питу“ и ООУ „Добре Јованоски“. Во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и ООУ „Добре Јованоски“ салите се од поголем тип со трибини, а во СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Кузман Јосифоски Питу“, спортските сали се од помал тип без трибини. Вкупната инвестиција за изградба на овие 4 сали чини 130 милиони денари.

654541

Постоечките спортски сали во ООУ „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, „Рампо Левката“ како и во СОУ „Орде Чопела“ и Гимназија „Мирче Ацев“ се целосно реконструирани во вредност од околу 7.500.000 денари, средства обезбедени од локална самоуправана Прилеп.

455

Исто така се изградија две тениски игралишта и тоа во ООУ „Гоце Делчев“ и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ во вредност од над 10 милони денари, а Гимназијата „Мирче Ацев доби“ и ново повеќенаменско игралиште вредно 6 милиони денари.

156446

Со овие инвестиции во спортската инфраструктура огромна придобивка имаат како учениците така и големиот број на спортски клубови и ентузијасти кои ги користат овие спортски сали и игралишта.

Прилеп доби и 5 терени со вештачка трева со вкупна површина од 2.500 м2 и тоа во ООУ „Добре Јованоски“ како и населбите „Рид“, „Точила“, „11 Октомври“ и на „Могила“ во вредност од 3 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Прилеп, а се постави нов асфалт на спортското игралиште во СОУ „Орде Чопела“ во вредност од 600.000 денари исто така средства од локалната самоуправа.

????????????????????????????????????

Во дворното место на ОУ „Блаже Конески“ беше поставена балон сала, која е приватна инвестиција, а во дворното место ОУ „Гоце Делчев“ овој пат од градот Лозана од Швајцарија, беше донирана уште една балон сала. Се постави и вештачка карпа за качување во гимназијата Мирче Ацев за спортистите и љубителите на овој спорт.

544654543

Или вкупно во спортски објекти во училиштата се инвестирани ололу 160 милиони денари односно повеќе од 2,5 милиони евра.

Во соработка со МОН и ФФМ се отвори спортска академија за фудбал во гимназијата „Мирче Ацев“ каде учат и тренираат над 60 ученици.
Моментално се изведува уште еден капитален проект реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“, средства обезбедени од УЕФА преку ФФМ и Општинскиот фудбалски сојуз. Тука еден поголем удел ќе има и локалната самоуправа со што стадионот ќе добие нов терен, со дренажа, осветлување за ноќни натпревари реконструкција на трибините, покривање на дел од трибините, нови столчиња со што стадионот ќе добие услови за одвивање на меѓународни натпревари.

15654

Прво се започна со теренот, па ќе следи осветлувањето, а последна фаза ќе биде реконструкција на самите трибини и соблекувални. Вкупна сума за изведба на проектот ќе биде околу 1,5 милиони евра.

Благодарение на Агенцијата за млади и спорт се изгради стадион на Могилата и во населеното место Тополчани, а моментално се работи на стадионите во населено место Алинци и Канатларци, а после изградбата на тие стадиони ќе започне реконструкција на стадионот во Големо Коњари. Ќе има осветлување на повеќе стадионите како Мало Коњари и Големо Коњари, Алинци и Канатларци.

35687745

Во меѓувреме во соработка со АМС се изгради и стадион со вештачка трева што е инвестиција во висина од 16 милиони денари.
Исто така во изминатиот период Прилеп доби и две фитнес зони кај Могилата и кај стадионот со вештачка трева, а вкупната инвестиција за двете е 3 милиони денари.

Во соработка со Министерството за образование најавено е во наредниот период да започне изградбата на уште три нови спортски сали во основните училишта „Кире Гаврилоски“, „Кочо Рацин“ и „Блаже Конески“. Со тоа Прилеп ќе добие вкупно 7 нови спортски сали. Годинава се планира исто така изградба и на ново повеќенаменско игралиште во ООУ „Кирил и Методиј“ во Канатларци проект на АМС и ЕЛС Прилеп, проект вреден 6 милиони денари. А ново повеќенаменско игралиште ќе биде изградено и во ООУ „ Рампо Левката“ инвестиција од 4 милиони денари.

845632

1354

155

15485

654541

Ќе се реконструира спортското игралиште во ООУ „Гоце Делчев“, инвестиција 2 милиони денари, а ќе биде направена и целосна реконструкција на спортското игралиште во ООУ „Климент Охридски“ во вредност од 3 милиони денари, со што ќе се добијат 4 нови повеќе наменски игралишта.

26545

56456

Исто така се планира да се постави и вештачка трева на неколку игралишта и тоа во гимназијата „Мирче Ацев“, ООУ „Кочо Рацин“ и во дворот на студентскиот дом „Орде Чопела“. Со тоа ќе се добијат вкупно три нови игралишта со вештачка трева. Годинава се планира да се изгради и третата фитнес зона во градот, во населбата Точила.

156446

Освен овие планирани се и други поголеми инвестиции за развој на спортката инфраструктура како што се изградба за игралиште на мини голф на Паркот на револуцијата – Могилата, ќе се реконструира игралиштето во Металец, со што Прилеп ќе добие современ тренинг центар за фудбал. Проектот е во изработка во иднина ќе се започне со негова реконструкција и прилагодување. Оваа година ќе бидат изградени и нови паркови во комбинација со детски игралишта и поставување на пинг – понг маси во истите паркови, на повеќе локации во градот и населените места.

1532
Изградени и осветлени ќе бидат и стадионите во Мало Коњари, Големо Коњари, Канатларци и Галичани. Ќе се изградат и пет баскет игралишта во соработка со Агенцијата за млади и спорт и тоа во населбите: Бончејца, Точила, типски куќи, во населбата Под Кули и во близина на паркот на Могилата.

023

Исто така во соработка со бизнис секторот преку јавно приватно партнерство се планира да се изгради и источната трибина на градскиот стадион „Гоце Делчев“.

015456

Преку претходно средување на планската документација, од страна на Општината се овозможи нова приватна инвестиција – Аква парк во близина на Могилата, оваа година ќе биде готов што значи не само јавни, Општина Прилеп поддржува и приватни инвестиции за збогатување на спортската инфраструктура.

Во соработка со Владата на РМ и АМС по средување на имотно правните односи е планирана реконструкција на градскиот базент и спортскиот комплекс Маркови Кули, инвестиција која ќе чини 5 милиони евра. Со 1,5 милиони евра ќе се реконструира исто така и спортската сала „Македонија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.