Прилеп домаќин на државниот натпревар по Народна техника (ГАЛЕРИЈА)

Во организација на Народна техника на Македонија и Сојузот за техничка култура, а со поддршка на Министерството за обазование и наука денеска во ОУ „Блаже Конески“ се оддржа 54-тиот државен натпревар по Народна Техника.

_MG_9204

„Во организација на ОУ „Блаже Конески“  и со поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот  Марјан Ристески денеска сме домаќини на 54-тиот натпревар по Народна Техника, им посакувам на учесниците многу среќа и се надевам дека ќе ја оправдаме доврербата за наредната година оваа училиште да биде домаќин на еден ваков голем настан“, посочи Марија Дулеска директорка на ОУ „Блаже Конески“.

За прв пат на овој настан беше присутен и Амбасадорот на Р. Словенија во Р. Македонија  Милан Јазбец, со делегација од неговиот кабинет.

„Ова е доста значајна манифестација за младите луѓе бидејќи преку овој натпревар се влегува во светот на техниката и науката. Мило ми е што сме овде, а се надевам дека догодина и ќе бидеме и дел од овој настан“, посочи Јазбец .

Градоначалникот Марјан Рстески  ги поздрави присутните и им посака многу среќа на учесниците со цел да победи најдобриот.

На натпреварот  земаа учество повеќе од 900 ученици од основните училишта од Република Македонија кои освоиле први места на регионалните натпревари.

Учениците се натпреваруваа во повеќе  дисциплини: агротехника, автоматика, астрономија, астронаутика, бродомоделарство, воздухопловно моделарство, градежништво и архитектура, екологија, електроника, конструкторство, метеорологија, кино и видео техника, компјутерска техника, применета биологија, применета географија, применета математика, применета физика, применета хемија, радио техника, ракетно моделарство, роботика, сообраќајно моделарство и фото техника. Повеќе од сто ментори на учениците беа  присутни на натпреварот, а оценувачките комисии беа  составени од наставници, универзитетски професори и соработници.

Добиените дипломи се вреднуваат за стипендии што ги доделува Министерството за образование и наука на Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.