Прилепчанките близначки НЕПРИКОСНОВЕНИ: Маријана и Мишела јуниорски и сениорски шампиони на Австралија! (ФОТО)

Маријана Димоска беше подобра во финалето против нејзината сестра Мишела Димоска во кати на Националното превнство на Австралија за сениори – објави “Ипон.мк”.

Ова е втора 1-2 победа на близначките Маријана и Мишела откако вчера во У-21 исто така се закитија со златен и сребрен медал. Во овој сестрински дуел резултатот е 2-0 за Маријана, односно две титули на Австралија.

Маријана на патот до златото ги совлада Мариана Сампанис 3-2, Емили Кро 5-0, Грејс Бургес 5-0 и во финалето 3-2 против Мишела. Додека Мишела до финалето славеше против Анжелика Хименез, Кели Хоинвил, Меезан Дикинсон.

Во Австралија стигна и третиот член на ката тимот, Киријана Камческа, кој е светски вице шампион и бронзен на Европското првенство, а многу пати балкански јуниорски и сениорски шампиони.

Според тренерот Златко Димоски, Киријана ќе живее во Австралија со нив, така што ќе може секојдневно да тренираат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.