ВИДЕО: Прилепчани весело и мирно ја дочекаа Новата 2016

Прилепчани во голем број Новата година ја пречекаа на плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Од итната медицинска помош истакнаа дека ноќта поминала мирно и без инциденти. Градоначалникот им посака на прилепчани бериќетна и просперитетна 2016 година. За прекрасната атмосфера до полноќ се погрижија групата „Љубојна“, а по полноќ забава приредија Пикисипи од САФ и диџеј Димитри од Чаир. Во новодогишната ноќ прилепчани и покрај студеното време  останаа на плоштадот до раните утрински часови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.