Прилепчанец преживеал вистински хорор: Крадци со ножеви му украле се што имал

policija31dsjgjasdgjksadhgkjsad

На 24.02.2017 година во 22.00 часот во просториите на ПС-Прилеп, Д.И.(1980) од Прилеп, пријавил дека на истиот ден околу 21.30 часот, кога излегол од зградата каде што живее во близина на влезот го пресретнале две непознати лица и без никаков повод и причина, најпрво му извадиле ножеви и му се заканиле да извади се од џебовите, при што едното лице му ставило нож под вратот и почнале да го удираат по главата и телото и со ножот му нанеле огреботини на левата дланка и на вратот.

Од јакната од внатрешниот џеб истите му одзеле 30 евра и околу 200 денари, од чорапите од левата нога му одзеле едно пакетче апчиња бубренофин, а потоа му ги соблекле и ги зеле патиките, по што едниот сторител ги облекол патиките, а своите ги оставил и се дале во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.