Прилепскиот тренер во победничка прегратка со голманите на младата ракометна репрезентација

15935704_10209784003211211_492852062_n

Младата ракометна репрезентација оствари голем успех со пласманот на Светското првенство. Младите ракометари ја совладаа Туција со фантастични 20 гола разлика и стигнаа на врвот на табелата, со што го обезбедија местото кое води директно на завршниот турнир во Алжир.

Заслуга за успехот има и прилепчанецот Ице Соколески кој е асистент тренер на селекторот Tемелковски.  Исто така, во поширокиот список на селекторот се најде и прилепскиот бек Давор Шокоски, за кого се надеваме дека ќе продолжи со добрата игра и ќе се избори за место меѓу патниците на мундијалот.

15935717_10209784003331214_2087427393_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.