ППК МЛАДОСТ96 ИЗБОРИ ПЛАСМАН ВО СУПЕР ЛИГА

20151115_103454 Екипата на ППК Младост96, го освои првото место во првата пингпонгарска лига за сезона 2015/16 год. и со тоа се пласира директно во Супер лига за наредната сезона. Огромен успех за младите играчи кои се носители на овој тим. Во последното коло екипата на Младост96 гостуваше во Скопје, на дотогашниот лидер на табелата, екипата на Ѓорче Петров. Поради неправилности со лекарските прегледи натпреварот е добиен со службен резултат од 5-0 за ППК Младост96, и со тие два бода екипата успеа да се пласира во најсилното натпреварување во Супер лига. Успехот ја потврдува посветеноста на раководството на клубот за млади играчи кои долго време ќе бидат носители на клубот. Големиот успех е заслуга на Александар Рикалоски, Антонио Стомнароски, Христијан Иваноски, потпомогнати од искусните Методија Иваноски и тренерот и играч Златко Рикалоски. Со влезот во Супер лига на ППК Младост96, Прилеп ќе има два свои претставници во најсилното натпреварување и тоа Младост96 и Младост, а со тоа ќе ни биде овозможено да гледаме и локално дерби на млади, наспроти искусни играчи. Сето тоа го потврдува фактот дека Прилеп е центар на пинг-понгот во Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.