По шестмесечна пауза продолжи пингпонгарското првенство: Градското дерби убедливо го доби Младост 96

По речиси шестмесечна пауза од последниот првенствен натпревар и прекинот на првенството од минатата сезона поради пандемиjaта пpeдизвикана од кopoнавиpycoт, со почитување на сите здравcтвени пpeпораки, денес започна првенството во најсилната, Супер лига од пинг понгарското првенство. Натпреварите се играа во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје-мала сала.

Во Супер лигата, во дербито на колото и воедно големо градско дерби, тимот на Младост 96 го совлада убедливо Младост со 4-1.

ППК Младост96 оваа сезона го има најсилниот состав, во чии редови се повеќекратниот државниот првак Станојковски, Петар Костовски исто така еднократен државен првак, потоа Лашкоски и Александар Рикалоски, како и Стефан Костадиновиќ од Србија и Раиф Рустемовски нашинец од Шведска.

Победи за Младост96 извојуваа Станојковски две, и по една Петар Костовски, и според многумина најзначајната во натпреварот ја извојува Андреј Лашкоски, кој со 3-0 го победи до лани непобедливиот Јочкоски од Младост.

Александар Рикалоски во добра игра загуби од Јочкоски со 3-1 во сетови, а тоа беше единствениот загубен поен во натпреварот за Младост96.

Наредната недела се играат натпреаварите од второто и третото коло, каде Младост96 за противници ќе ги има екипите на Струга и Вардар. На овие натпревари се очекуваат нови две убедливи победи на прилепскиот тим.

За наредната недела најавено е и пристигнувањето на Стефан Костадиновиќ, чии квалитети се очекува најмногу да придонесат во Европските купови.

ППК Младост96 оваа сезона за прв пат ќе учествува во Европа, и тоа со екипа која може да биде конкурентна. Раководтсвото на клубот поднесе пријава ППК Младост96 да биде домаќин на една од групите.

За месец октомври најавена е и јуниорската лига, каде исто така јуниорите на ППК Младост96 ќе учествуваат во таа лига. Очекувањата се Никола Стојаноски, Лука Огненоски, Давид Јоноски, Филип Јанчески, Иван Танески и Камелија Стојческа да се вмешаат во борба за висок пласман.

Резултати Прво коло Супер лига

Младост 96 – Младост 4:1, Крива Паланка 2007 – Радовиш 2:4, Шампион ФА – Вардар 4:1, Телеком НЕЦ – Работнички 2:4, Телеком НЕЦ 2 – Струга 4:3




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.