Победа се договори со постојните играчи. ПОТПИШАА: ШАРКОСКИ, ДУНИМАГЛОСКИ, НАУМОСКИ И ПЕТРЕСКИ

Nikolce Sarkoski

Фудбалскиот клуб Победа, повратникот во Првата лига, изминатиот викенд го договори останувањето во клубот на неколку фудбалери кои беа носители на играта во изминатата второлигашка сезона.

“Изминатиот викенд склучивме повеќегодишни договори со дел од најперспективните фудбалери од досегашниот ростер, со кој располага клубот. На обострано задоволство за продолжување на соработката се договоривме со: Николче Шаркоски, Јорданчо Наумоски, Стојанче Дунимаглоски и Христијан Петрески.  Наредниве денови очекувам да ги обновиме договорите и со други фудбалери од нашиот погон, кои беа столб на еипата во минатата второлигашка сезона, а на кои најсериозно сметаме и во престојното првенство на Првата лига. Би сакал да потенцирам дека во исто време преговараме и со фудбалери од домашното првенство кои настапуваат во клубови од Првата лига, а кои сакаат да бидат дел од нашиот фудбалски колектив”, изјави Претседателот на ФК Победа д-р Гоце Ингилизов.

Hristijan Petreski

Победа на убедлив начин, на две кола пред крајот на првенството, го освои првото место во Втората лига. Со  останувањето во клубот на костурот на екипата, кој го сочинуваат исклучиво домашни прилепски фудбалери и со најавите на Ингилизов за ангажирање на засилувања, несомнено Победа  најавува сериозни амбиции во новата сезона на Првата лига.

Stojance Dunimagloski

Jordanco Naumoski




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.