Пет возила се судрија на патниот правец Битола – Прилеп: Еден загинат – повеќемина повредени

zaginaa-bitola-neoficijalno-nzaginati-vo-nesreka-1

Во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Битола – Прилеп загина едно лице.

Сообраќајната несреќа се случила во 02:50 на патниот правец Битола – Прилеп, кај мостот во близина на реката Шемница. Во сообраќајната несреќа учествувале две возила. Едното Хjундаи пони со битолски регистарски таблички, управувано од Пеце К. (32) кој починал на лице место од ударот, а другото возило марка Ауди со битолски регистрски таблички во кое се наоѓале две лица кои се здобиле со телесни повреди.

Поради лошите временски услови на патот настанал верижен судир во кој се судриле пет возила, а две од лицата кои се наоѓале во автомобилите се повредени.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.