Останува во Италија! Сопругата на Икарди му пронајде нов клуб, според новинарите работата е веќе готова

Интер го продаде доскорешниот капитен Мауро Икарди на торински Јувентус, тврди италијанскиот новинар Танчереди Палмери.

Иако сеуште нема официјална потврда, што е и логично ако се има во предвид дека трансфер периодот започнува за неколку месеци, Интер веќе ја договорил продажбата на Икарди во Јувентус.

Со оглед на проблемите околу продолжувањето на договорот и барањата на кои инсистира сопругата на Икарди и негов агент, Ванда Нара, но и прозивките на соиграчите, јасно е дека сите можат да воздивнат.

Според тврдењето на италијанскиот новинар Палмери, чие тврдење го пренесува и познатиот “Tutto Mercato”, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, се договорил со првите луѓе на Интер, а Икарди исто така ги прифатил условите.

Ова ќе биде навистина голем трансфер, веројатно и најголем во историјата на Сериа А. Не е познато колкава сум ќе плати италијанскиот шампион, но Икарди има откупна клаузула поставена на 110 милиони евра и сосема е сигурно дека оштетата ќе биде околу тој износ.

Дека ова не се само медиумски шпекулации, потврдуваат и навивачите на Интер, кои преку социјалните мрежи испраќаат навредливи пораки до 26-годишниот Аргентинец, кој шест сезони го носи дресот на Интер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.