Октагонот остана празен овој викенд

Долго ќе се сеќаваме на овие денови…

Веројатно веќе и знаете дека Прилеп е познат по боречките спортови, но за среќа имагинарното борилиште во центарот на плоштадот оваа сабота остана празно. Секако, оваа информација ја споделуваме врз основа на Полицискиот билтен на МВР објавен за 18-ти јуни 2022. Или што би рекле некои политичари, ова е прв мирен викенд откако сме членка на НАТО.

Би било смешно доколку ситуацијата за безбедноста во градот не беше алармантна и драматична, а доволно говори и фактот што овие нарушувања на јавниот ред и мир константно се повторуваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.