Нови инвестиции во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп

_MG_0456

Во СОУ „Ѓорче Петров“ во тек е постапката да се поплочи паркинг просторот во кругот на училиштето на површина од 450м2.

_MG_0452

„Продолжува уредувањето на дворното место на средното медицинско училиште каде имаме реализирано голем број на проекти, а со редењето на бекатон плочки ќе се доуреди ова дворното место“, посочи Дејан Димоски директор на СОУ „Ѓорче Петров“.

_MG_0460

Градоначалникот Марјан Ристески при посетата на ова средно училиште, посочи :

_MG_0478

„Ние продолжуваме со активностите во средното медицинско училиште, како следен проект е поставување на термоизолациона фасада на училишната зграда, уредување на изгледот на училиштето и комплетно доуредување на работилниците во дворот“.

_MG_0510

Во ова училиште се инвестирани повеќе од 60.000.000 денари или повеќе од милион евра заподобри услови за  учење и работа на сите кои се дел од училиштето.

_MG_0484

_MG_0447

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.