Новина во прилепскиот моден етер: Прилепчани го добија шопинг центарот “Charli Outlet Exclusive”

Успешната бизнис сторија на семејството Боризоски од Прилеп продолжува да да испишува нови страници. Нивната  долгогодишна традиција на постојано внесување тренд и свежина во прилепската чаршија, како и пулсирањето во моден ритам,  ги прави одговорни за градењето на модниот пулс и имиџ на градот под Марковите Кули.

Излозите на нивните втори домови, бутиците Charli, Charli Trend и Charli Outlet, од секогаш биле како кутивче спакувани, а со тоa и примамливи за купувачите, кои  никогаш не останале разочарани.

dsc_0148 dsc_0149

Круна на нивната постојана работа и следење на желбите и потребите на своите купувачи е новиот шопинг центар “Charli Outlet Exclusive”, што претставува една новина во секојдневието на прилепчани и нешто што нуди многу, но за малку пари.

Маркукуле.мк присуствуваше на отварањето на овој шопинг центар и со свои очи се уверивме во она што од денес им е ставено на располагање на сите оние кои сакаат да ги наполнат кесите, а притоа да не го расплачат ќесето.

Сместени се во новиот автентичен објект на цветната улица во старата прилепска чаршија, наспроти градската бања.

Она што го воочивме е модерен и пријатен амбиент за шопинг, прекрасен прием и услужен персонал.

На голема површина на два ката, ќе сретнете разновидна брендирана роба, и тоа од познатите марки: Еsprit, H&M, Tom Tailor, Tomy Hilfinger, St. Oliver, Benetton, Polo, Zarа, а вљубениците во снегот и зимските спортови, тука ќе пронајдат скијачка опрема од асортиманот на Salomon, Brugi I Bench.

Долги години сме во овој бизнис, работиме и ги следиме сите забелешки и барања на нашите купувачи. Прилепчани, осoбено младите, важат за луѓе кои го следат модниот тренд и постојано го бараат најдоброто. Се надевам дека и овој пат ќе понудиме нешто што ќе го привлече вниманието на сите, нешто што е модерно, а чини малку”, посочи младиот сопственик Aндрија Боризоски.

dsc_0163

 “Charli Outlet Exclusive” е свежина во секоја смисла на зборот, нешто што недостигаше во нашиот град, пред се поради големата слобода при купувањето, ниските цени и квалитетната брендирана облека од познати производители.

dsc_0200

 

На сопствениците им посакуваме успеси, многу купувачи и ширење на бизнисот и во иднина, а вам ви препорачуваме час поскоро да ги посетите и да го споделите нашето искуство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.