Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид-Кичево влегуваат во финална фаза (ВИДЕО)

Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот.

-Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија, напиша вицепремиерот Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.