Некој владее со државата а некој со СДСМ!

 

kostadin-kerpicoski

 

 

 

 

 

Костадин Керпичоски

И нема тука недоразбирања или пак погрешни толкувања, секој знае кој тука владее затоа што направил не нешто туку многу за нашата мила Македонија а со тоа поставил и нови стандарди за работа а исто така знае и јавна тајна е што се случува внатре во некогашната нај голема политичка партија сега пред распад СДСМ.

Додека во партијата на власт се работи со полна пареа, додека се спрема новата програма, новите проекти, новите работни места и инвестиции во СДСМ владее хаос.

Како да ви кажам, тоа е политичка партија како човек кој не знае на каде тера, не знае во кој гол пуца и уствари проблемот е што секој тера своја политика, политика која е игра за некој и нешто а никако за Македонија!

СДСМ стана политичка партија која сака да биде единствена која ќе дојде на власт без избори и без доверба од народот, онака сама од себе бидеќи на нив им се владее и дефинитивно тоа е еден нов правец во политиката во светот.

Дали СДСМ ќе го истера овој проект (единствен) или не, јас не се ни сомневам бидеќи мала е разликата и блиску е границата од херој до предавник, од успех и пораз, од аплауз и исвиркување.

Видете главниот проблем во врхушката на СДСМ и во луѓето кои ја водат оваа партија е што нема идеа, нема идеологија, нема план, нема програма него се мисли како и како да се дојде на власт и да се заситат личните интереси и желби.

Ако на сето ова додатете дека денес таа политичка партија е сега пиун со кој играат странски служби и една голема невладина организација со име СОРОС ќе ви биде јасно од каде се создава тој хаос внатрепартиски.

Видете, да не се лажеме, со СДСМ како политичка партија владее една невладина организација по име СОРОС на која буџетот и џебот и е доста длабок.

Невладина како невладина, прибрала што прибрала во својата организација па  си најде начин да заживее, да биде популарна и актуелна и воедно да ја оствари целта т.е да прави хаос во нашата држава.

Јас искрено не разбирам од каде желбата за предизвикување на раздор помеѓу Македонците и уиштување на својата држава но сигурен сум дека тука има нешто, има повисока политика и исто така сум сигурен дека проблемот е во раковотството на таа невладина организација т.е луѓе кои се неиживеани и не прошетани (освен по зимовање и летовање).

Видете, проблемот е што СДС се излажала, се излажала мислеќи дека сите ние граѓаните ќе прифатиме да бидеме пиуни како таа партија па ќе обработуваме за некој и нешто а крајната скриена цел да е уништување на Македонија.

За сета среќа како партијата така и невладината организација се прочитани како селски буквар, прочитана е нивната крајна цел и сега веќе се што тие обелоденуваат е смешно, траги комично за секој еден граѓанин кој прати политика а богами и за они за кои политиката е последна во животот.

Видете луѓе, СДС и врхушката знаат дека незнаат на каде тераат, сега и на нив и на нивите малку бројни членови им е се кристално јасно но немаат каде, не знаат што понатаму и кога веќе се фатиле на орото мораат да го доиграат бидеќи во спротивно ќе следуваат санкции од ГОЛЕМИТЕ.

Ние, ВМРО-ДПМНЕ и Македонците ќе им ги скратиме маките на 24-ти Април.

Ќе ставиме крај на оваа подла и уништлива игра за Македонија и од тука па натаму наш проблем ќе биде само напредокот на државата и воедно голем проблем ќе ни е тоа што некој одреден период нема да имаме конструктивна и силна опозиција, но јас сум оптимист и мислам дека ќе излеза некоја си нова , свежа и силна политичка партија како опозиција која навистина ќе даде свој придонес во развитокот и напредокот на државата.

Како и секогаш така и сега велам, на нас луѓето и обичните граѓани ни е се кристанло јасно, ние сме мудри, ние сме паметни, ние сме трпеливи, ние сме намачен народ.

Главите горе, полека и смирено да го дочекаме и да го зададеме крајниот удар така силно што веќе никој нема да се осмели да проба да и наштети на државата.

Нашата порака е токму таа, нашата  борба е токму за Македонија.

Да порачаме дека почитуваме се и секој, сакаме и власт и опозиција ама никако газење по живи луѓе и власт по цена на нашата држава која нема цена.

Македонија е едно мало свето парче земја, токму затоа била и е мета на секој еден војсководач и освојувач!

Силно, Истрајно, до последна капка крв ќе се бориме!!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.