НЕГОВИОТ ПРИЈАТЕЛ ГИ ИЗРАДУВА ФАНОВИТЕ: Шумахер успешно се опоравува

mihael-sumaher-foto-profimedia-1446463284-775611

Пријателот на фамилијата Шумахер, Рос Брон, изјави дека легендарниот германски возач и седумкратен светски шампион во Ф1 добро се опоравува.

Шумахер се опоравува од тешката повреда на главата, која ја доби на кијање во Франција на 29 декември 2013 година.

Тој долго време беше во кома во болницата во Гренобл, а сега е на рехабилитација во својот дом во Швајцарија.

” Фамилијата на Михаил одлучи информациите за неговото опоравување да ги држи во тајност и јас тоа го почитувам. Постојат охрабрувачки знаци и сите секојдневно се молиме да видиме уште повеќе. Тешко ми е да кажам нешто повеќе бидејќи имам голема почит кон неговата фамилија “, рече Брон, кој беше и директор на Ферари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.