Невреме веќе започна -во овие делови на Македонија е најкритично


Попладнево страшно невреме проследено со обилен пороен дожд, град, електрични празнења и засилен ветер го погоди Ресен, пишува Метеомакс.

Инаку на многу места од западна и југозападна Македонија е нестабилно со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има и локална појава на ситен град.

Постабилно и потопло време може да очекуваме од утре (вторник) па во следните неколку денови а веќе од самиот крај на оваа и почетокот на следната недела може да очекуваме циклонска активност и нова промена на времето кај нас.

Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна анализа промена на истата е можна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.