Најдобрите природни лекови за затнати синуси

Носот се состои од сложен систем составен од тесни канали и осум синуси, шуплини во коските исполнети со воздух кои се поврзани со очите и ушите. Носот овозможува вдишување на воздухот од надворешната средина и го обработува пред да стигне до белите дробови.

sinusi

Затоа е многу важно да се чува здравјето на дишните патишта и заштитата од грип и настинки, синузит или алергии. Тие водат до назална конгестија позната како ринитис, а воспалението на слузокожата често води до воспаление на синусите.

Еве ги најдобрите природни лекови кои можете да ги направите сами во домашни услови и кои се ефикасни при воспаление на синусите:

1.Потрудете се да обезбедите постојан проток на слуз во носната шуплина. Туширајте се со топла вода и при тоа вдишувајте ја водената пареа за да почувствувате брзо подобрување. Влагата ги отвора запушените дишни патишта и помага при запушување на синусите.

2.Земете една кафена лажичка обична сол и помешајте ја со една чаша топла вода. Ставете неколку капки од овој раствор во носот со зафрлена глава наназад. Кога растворот ќе дојде до вашите синуси ќе почувствувате олеснување и попуштање.

3.Бидејќи инфекцијата на синусите е предизвикана од воспаление на слузокожата на носот, и куркумата како зачин може да ви помогне бидејќи има инфламаторни својства. Активната состојка куркумин помага затоа што ги грее синусните шуплини и ги чисти дишните патишта.

4.Зачинетата храна ви помага бидејќи го подобрува протокот на слуз низ дишните патишта. Кога ќе се отвори изводниот канал на самиот синус, вие ќе почувствувате олеснување.

5.Сварете околу половина литар со неколку капки масло од диво оригано и инхалирајте се. При тоа е најдобро е да ја прекриете главата со пешкир за да успеете да вдишете што повеќе пареа. Маслото од оригано е моќен лек за инфекции поради антибиотичките својства.

6.Исечкајте кромид на парчиња, приближете се со носот и мирисајте го. Консумирањето на сиров кромид може да ви помогне во лекувањето на запушените синуси.

7.Врелиот сок од домати е одличен домашен лек за запушени синуси. Сварете еден филџан сок од домати со супена лажица сечкан лук, пола супена лажица чили сос, една супена лажица лимонов сок и малку сол.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.