Најдобриот ученик хемичар во Македонија е гимназијалец од Прилеп и ќе ја претставува Македонија на светска Олимпијада

На 10 и 11 мај 2026 год. во просториите на ПМФ- Институтот за хемија во Скопје се одржа втор селекционен натпревар за избор на олимписки тим, на која учество зедоа 14 најдобри кандидати од сите категории по хемија од прва до четврта година од Република Македонија.

Најдобри резултати постигна гимназијалецот од четврта година во Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп, Георги Николоски, и се пласира за 58. Светска Интернационална Олимпијада по Хемија (IChO 2026), која ќе се одржи од 10-19 јули во Ташкент, Узбекистан.

Олимпискиот тим кој ќе ја претставува Република Македонија е во состав:

1.Георги Николоски, IV година, СОУГ „Мирче Ацев“, Прилеп
2.Теона Ана Георгиевска, IV година, ПСУ „Јахја Ќемал“, Скопје
3.Даниел Христов, IV година, СОУГ „Славчо Стојменски“, Штип
4.Даниел Христовски, III година, ПСУ „Јахја Ќемал“, Скопје

Ментор по хемија на Георги Николоски во сите 4 години од Гимназија “Мирче Ацев” е Проф.Ружа Ангелеска.

Честитки, со среќа и успех на државниот натпревар кој ќе се одржи на 14-мај-2026 на ПМФ Скопје и Светската олимпијада (IChO-2026)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.