Најавена програмата во чест на „11 Октомври“

2

Градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција ги покани прилепчани заедно да го прослават претстојниот 11 Октомври. Во својата изјава градоначалникот Ристески, им го честита Денот на народното востание на Р.Македонија на сите граѓани и истакна дека Македонија секогаш била на страната на развојот и напредокот.

1

По повод 11 Октомври предвидени се низа манифестации и натани за сите вкусови во градот под Марковите кули.

 

11 ОКТОМВРИ, 2016 ГОДИНА

07-09 oктомври, 2016

19.00 Интернационален фестивал „Ѕвездички“– НУЦК  „Марко Цепенков“

08-10 oктомври, 2016

16.00 Меморијален ориентационен натпревар „Пеце Атанасовски“- ООУ „Кочо Рацин“

09 oктомври, 2016

08.00 Прв поштенски маратон 2016, Булевар „Гоце Делчев“

10.15 Турнир во џудо – спортска сала во ООУ „Добре Јованоски“

11.00 Натпревар во стандардни и латино-амерички танци А и Б лига- ООУ „Кочо Рацин“

10 октомври, 2016

09.00-14.00 Крводарителска акција– 25 години навивачка група „Мајмуни“-НУЦК „Марко Цепенков“

11.00 Медиумски настан по повод завршувањето на проектот ENERGYNET – СОУ „Кузман Јосифовски-Питу“

12.00 Формирање на македонското знаме –балетски перформанс, Плоштад „Методија Андонов – Ченто“

 

Централна манифестација

Камена бина, плоштад Александрија

 

18.30 Настап на солисти од детскиот хор „Мали Ангели“ 

19.00 Изложба на Васил Василев – Ликовна галерија, НУЦК „Марко Цепенков“

19.15 Поздравен говор на градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески

19.30 Огномет

19.40 Концерт на Воениот оркестар на АРМ

20.30 Концерт на Ансамблот „Танец“ во  НУЦК „Марко Цепенков“

22.00 Проекција на филм – Кино Мис Стон

 

11 Октомври, 2016

09.30 Положување на цвеќиња на спомениците на: „Методија Андонов Ченто“, „Кузман Јосифоски – Питу“ и на Могилата на непобедените

10.00-14.00 Изложба на рачни изработки „Килимијада“,  плоштад кај Градскиот саат

10.00-15.00  Tuning Car Show – Булевар „Гоце Делчев“

10.00-15.00 Изложба на воена опрема и оружје – Булевар „Гоце Делчев“     

11.00 Вело настан „Со стари велосипеди низ улиците на Прилеп“

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.