Над 200 км. асфалтирана патна мрежа во Прилеп – инвестиција од 22 милиони евра

BeFunky Collage

Во последните 12 години локалната самоуправа на Прилеп посвети огромно внимание за развој и изградба на патната инфраструктура во Општината, која што пак е еден од главните фактори за развој на економијата. Прилеп во последната деценија доживеа вистинска ренесанса кога станува збор за изградбата на новa патна мрежа.

Само за пример, во 2005 година повеќе од 50 проценти од улиците во градот небеа асфалтирани, а за изградба пак на патишта до населените места не стануваше ниту збор. Моментално од вкупната улична мрежа во градот останува да се доасфалтираат само уште околу 10 % улици од кои најголем дел се наоѓаат во населбите каде што се изведува проектот за реконструкција и проширување на канализационата мрежа во Прилеп.

Освен во градот Прилеп улици се асфалтираа во скоро сите населени места во Општината.

За период од 2005 до 2016 година изградени и асфалтирани се и 13 општински патни правци до населените места :

  1. Пат до Големо Радобил, должина 4,5 км, инвестиција од 20 милиони денари
  1. Се изврши рехабилитација на патот до Канатларци, должина 5,8 км., инвестиција од 20 милиони денари
  1. Пат од Подмол до Лопатица, должина 3,3 км, инвестиција 14 милиони денари
  1. Пат Веселчани-Боротино, должина 1,6 км. инвестиција 7 милиони денари
  1. Се изгради пат до н.м. Бонче во должина 3 км., инвестиција од 16 милиони денари
  1. Н.м Штавица доби асфалтен пат во должина од 1 км. инвестиција 5 милиони денари
  2. Се инвестираа 12 милиони денари за патот до Дуње, во должина 3,1 км.
  1. Се асфалтираше патниот правец од Беровци до Галичани, во должина од 1,2 км, за што беа инвестирани 5 милиони денари
  1. Клепач – Ерековци, должина од 2,6 км., инвестиција од 16 милиони денари
  1. Алинци – Шелеверци, должина 2,4 км., инвестиција од 17 милиони денари
  1. За прв пат асфалтен пат се изгради и до „Маркова чешма“ во должина од 1.4 км. за што беа инвестирани 10 милиони денари
  1. Асфалтен пат доби и населеното место Волково, во должина 3.8 км, инвестиција од 24 милиони денари
  1. Асфалтен пат за прв пат во историјата доби и селото Манастир во Мариово во должина од околу 3 км, инвестиција од 16 милиони денари

Патни правци без изградени и до познајчаните манастирски комплекси кај нас, со што се придонесе за развој на т.н. манастирски туризам, кој токму поради патната инфраструктура секоја година во Прилеп носи илјадници туристи. За прв пат во историјата се изградија патишта до манастирите :

  • „Трескавец“, во должина од 7.5 км. инвестиција од 111 милиони денари
  • Се изгради пат до Манастирот „Св. Димитрија“ во н.м Селце, должина 2.2 км. за што беа инвестирани 9 милиони денари
  • Асфалтен пат доби и манастирот „Света Петка“, кај селото Лениште во должина од 1.2 км, инвестиција од 6.6 милиони денари
  • Исто така за прв во својата историја асфалтен пат доби и манастирскиот комплекс Св. „Преображение“ – Зрзе во должина 7.5 км. за чија изградба беа асфалтирани 1,6 милиони евра.

Исто така се асфалтираа и повеќе магистрални и регионални патни правци :

  • Патот А3 или Дреново-Плетвар, трета лента, во должина од 10 км. инвестиција од 273 милиони денари
  • Се асфалтираше патот Р1303 од Прилеп до Мажучиште, во должина од 10 км, инвестиција од 77 милиони денари
  • Прилеп-Големо Коњари или патот Р1306, во должина од 11 км. за што се инвестираа 70 милиони денари
  • Нов асфалт доби и патниот правец Ново Лагово-Кадино село или пат Р2339 во должина од 7 км., инвестиција од 45 милиони денари
  • Нов асфалт доби и клучката – Влез во Прилеп од страната за Битола кај хотел Салида, за што се инвестираа 2.850.000 денари

 

  • Во должина од 1,6 км. се санираше патот А1-Плетвар, за што се потрошија 6 милиони денари
  • Лани започна асфалтирањето и реконструкцијата на стариот пат за Битола, Р1 101, од Прилеп до Тополчани во должина од 4,3 км, за што се инвестираа 10.2 милиони денари

Кога сето ќе се собере за 12 години Прилеп доби :

  • Вкупно асфалтирани улици во должина од 83 км. за што се инвестираа 9 милиони евра
  • Се асфалтираа вкупно 45 км. општински патишта, инвестиција од 5 милиони евра
  • Асфалт добија повеќе државни патишта во должина од 44 км, инвестиција од 8 милиони евра
  • Значи за 12 години во Прилеп вкупно се асфалтираше патна мрежа во должина од околу 200 км, за што беа инвестирани 22 милиони евра. Ова досега се нема случено во целокупната историја на постоењето на градот.

Изградбата на патната инфраструктура продолжува со несмалено темпо, а тука мора да се потенцира изградбата на капиталниот проект, експресниот пат Прилеп-Градско, чија должина ќе изнесува 33,5 км, а инвестицијата чини околу 80 милиони евра. Патот треба да биде изграден до 2019 година, а изградбата е поделена во три фази.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.