Наградна Игра : Најселфи на Маркукуле !!!

Маркукуле.мк започнува со избор на најдобра селфи фотографија. Нашата потрага започнува денес и ќе трае до 01.12.2015г. Едноставно поставете ја вашата фотографија, собирајте лајкови и освојте ваучер во вредност од 2000 денари во Шопинг центар Лукас. Ова е прва игра од наша страна, во иднина ветуваме многу други изненадувања, организирани настани и случувања. Се надеваме ќе има добар натпревар и многу заинтересирани учесници на истиот. Правилата на играта се истакнати на самата апликација.

Инаку првата селфи фотографија е направена пред околу цел век од страна на фотографите на Bayron Company. Цел еден век подоцна овој начин на фотографирање прерасна во огромен тренд, а селфи фотографиите се наше секојдневие.

Вашиот редовен информатор и забавник, имајќи ја во предвид довербата која ни ја давате, ќе продолжи активно да работи на промоција на Општина Прилеп и Пелагонискиот регион и да ги шири информациите со брзина на светлината.

Линк до играта




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.