МУРИЊО ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА: Репрезентативецот на Хрватска на влезна врата во “Олд Трафорд”

0bba2bddb1a6f7047f085ecb22f52ec6

 

Откако испрати понуда за Костас Манолас, Мурињо се насочи кон офанзивец.

Италјанските медиуми на големо пренесуваат дека Мурињо е заинтересиран за играчот на Интер.

Како што пренесе “Calciomercato”, Манчестер Јунајтед сака да го доведе во своите редови играчот на Интер Иван Перишич.

Арсенал, Ливерпул и Челси се исто така заинтересирани за играчот на Интер, но изгледа дека “ѓаволите” се во водство во оваа трка.

Перишич на 23 утакмици постигна 6 гола, а 4 пати асистираше. Неговата вредност на пазарот е проценета на 25 милиони евра, но Интер ќе бара повеќе пари.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.