Мурињо е уверен: Што ли Златан ќе каже за ова ?

x-default

 

Менаџерот на Манчестер Јунајтед верува дека Златан Ибрахимович криерата ќе ја заврши во Премиер лигата.

Иако самиот Златан откри дека би сакал на крајот од неговата кариера да поигра и во американската МЛС лига, Жозе Мурињо го тврди спротивното.

Португалецот е убеден дека Златан до крајот на кариерата ќе остане во Манчестер Јунајтед.

” Многу сум среќен за него. Некои сметаат дека неговото голгетерско време е поминато, но сеедно му е дали има 25 или 35 години. На Златан му е сеедно дали игра во Франција или Англија, тој секогаш постигнува голови. Среќен сум бидеќи знам дека кариерата ќе ја заврши на високо ниво. Тој сигурно нема да замине во Америка или Кина, Ибра кариерата ќе ја заврши на највисоко ниво”, изјави Мурињо.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.