Мицкоски: Нема датум за преговори затоа што власта нема резултати, деспотот започна да ја уценува Европа за да го покрие kpиминалот

Сведоци сме како и последната надеж, на која се потпира оваа Влада на Заев за едно прашање, полека но сигурно исчезнува. Европската перспектива е се повеќе загрозена од клиентелизмот на Заев и власта, нecпособноста и егоистичните мотиви да се владее за свој личен бенефит, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето видео обраќање.

„Она што досега го видовме е стагнација, одземено достоинство, никакви реформи, kpиминал и kopупција. Живот кој станува пekoл, здравство каде наместо спасените животи, се множат kpвавите тендери за приватни џебови, образование чиј квалитет постојано опаѓа, земјоделие без поддршка за земјоделците, cyдство без реформи. Но времето неповратно минува, а животите се арчат во чекање дека ќе биде подобро.

Наместо прагматизам и работа, гледаме клиентелизам кај луѓето од владата.

Станува јасно дека стратегијата на Зоран Заев беше власт по секоја цена, но не власт за да биде подобро за сите, туку да има разграбување и подобар живот на неколкумина од оваа влада.

Откако самиот тој увиде дека сменетото име нема да биде доволно за да се одржи на власт, и да ја дефокусира јавноста од редицата ckaндали, и измами, пресметката му беше дека оваа празнина ќе се покрие со ветувањето за европската иднина. Но таа со овој човек нема да дојде, нема да дојде затоа што зборовите за европските вредности кои ги изговара се празни, празни без суштина, без делата кои ги нема. И токму тоа отсуство на резултати во работата на оваа Влада не оддалечува неповратно од Европската Унија.

Микро светот на Заев станува негов однос кон Светот нанадвор. Па така сега гледаме она што го правеше кон опозицијата, уцени, зakaни и заплашувања во една ублажена форма, го применува и практикува кон нашите партнери земјите членки на Европската Унија. И затоа никако поинаку не може да се разбере неговото условување дека ако не му се прогледа низ прсти, и не и бил доделен датум за преговори ќе имало избори на кои можело да дојде paдикалната десница.

Најпрвин ова го покажува вистинскиот карактер на Зоран Заев, еден мал деспот среде Балканот кој и се заканува на Европа и тоа без аргументи.

Второ, време е да си погледаме во очи и да си признаеме дека оваа власт не ја бива. И Европа нема да дојде само затоа што власта го смени името, туку затоа што не работи ништо за постигнување на стандарди. А од почетокот велев дека Европската Унија е пред стандарди кои мора да се постигнат. Нема ниту една реформа мерка или подобрување кое ќе го изнесе на маса и поради кои ќе ги убеди европските партнери дека заслужуваме датум за преговори.

Трето, и тој самиот со оваа изјава признава дека е на стаклени нозе оваа влада и дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и десниот блок, која не само што не е радикален елемент туку ќе биде носител на промените и обновата на оваа земја.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се однесува одговорно, и ќе се бори земјава да добие датум за преговори, и покрај сите скандали, неработа, промашувања и измами на власта, затоа што граѓаните не заслужуваат да бидат жртва на неспособната Влада која започнува да шири евроскептицизам.

И сосема на крај, во однос на емотивните изјави за двете Нобелови награди кои би ги одбил Заев во замена за датум за преговори, јас би порачал, дека јас би ги одбил сите награди на Светот само Зоран Заев не биде премиер на Република Македонија, бидејќи тој е вистинската пречка за развојот на Република Македонија и среќата која граѓаните ја заслужуваат“-порача Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.