Матурантка нарачала гламурозен фустан за матура – кога пристигнал не можела да се соземе од шок

За голем број тинејџерки, матурската вечер претставува еден од најважните случувања во животот кога во гламурозно издание ќе зачекорат во светот на возрасните. Бидејќи поголемиот број од младите немаат пари за да купат дизајнирани фустани, се одлучуваат да сошија или да купат од блискиот бутик. Но, некои како Јулија Џејкоб, се одлучуваат и за онлајн пазарење.

Таа пронашла фустан кој и се допаѓа на интернет и тоа само за 30 долари. Во описот стоело дека е долг до под, со везени ракави, украсен со деијамантски детали.

Меѓутоа, кога фустанот стигнал до Јулија таа била шокирана.

„Пред да застанам пред огледало нетрпеливо чекав реакција од мајка ми. Нејзиното лице беше збунето.

„Од ова искуство научив важна поука. Мислам дека ќе ми треба многу време за повторно да стекнам доверба во нешто што се нуди на интернет, особено ако е неверојатно евтино“, рекла Јулија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.