Малолетник застрелан во тетовска Палатица

Тринаесетгодишно дете од тетовското село Палатица добило влезно-излезна рана во левата страна од грбот од  истрел од пиштол. Осомничен дека пукал во него е 17-годишник од истото село, потврдија извори во тетовското јавно обвинителство.

hhhh-1

Според досегашните податоци од истрагата, оружениот инцидент се случил во дворот од училиштето во селото вчера нешто по 16 часот.

Повреденото дете во животно загрозувачка состојба било префрлено на скопските клиники каде било приклучено на апарати. Осомничениот малолетник по околу еден час од инцидентот заедно со неговиот татко бил обезбеден од полицијата и се разговара со него.

Пронајден бил и пиштолот од кој се претпоставува дека било пукано, а според досегашните информации за пиштолот нема соодвтени документи за легално поседување. Истрагата го утврдува мотивот и се друго поврзано со овој инцидент.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.