Ладен туш од Ципрас за Заев: Не признаваме македонска нација, никогаш нема да ги нарекуваме Македонци (ВИДЕО)

Наспроти тврдењата на македонскиот премиер Зоран Заев дека со договорот со Грција за промена на името се бетонира македонската нација и јазик, неговиот грчки колега Алексис Ципрас синоќа во интервју за државната грчка телевизија ЕРТ изјави дека македонска нација не признаваат и никогаш нема да нè нарекуваат Македонци.

-Не признаваме македонска нација…никогаш нема да ги нарекуваме Македонци, ние секогаш ќе ги нарекуваме Славјаномакедонци, изјави Ципрас во дебатата.

Според него соседниот народ само се нашол на територијата на поширока Македонија но дека тој нема никаква врска со грчката историја и хеленската култура и тоа во договорот е мноју јасно прецизирано.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.