Концерт на учениците по пијано од класата на проф. Христина Никоска

123

Во вторник, 30.08.2016 во Домот на културата “Марко Цепенков”,  со почеток од 20:00 часот, во рамките на ‘Прилепско културно лето 2016’, целовечерен концерт на пијано ќе одржат учениците од класата на проф. Христина Никоска, и тоа: Лена Калеска, Стефанија Котеска, Катерина Николоска, Матеја Блажеска, Климент Тавчиоски, Елена Дамеска, Марија Котеска, Давид Аљакоски, Исидора Ангелеска, Емануел Петрески, Михаела Ристеска, Марија Котеска и Арсениј Ангелески.
На програмата се композиции од: П. И. Чајковски, В. А. Моцарт, Л. В. Бетовен, Т. Зографски, Ф. Бургмилер, Џ. Филд, А. Качатуријан и др.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.