Кога ќе запее преубаво македонско девојче, тоа изгледа вака: Жирито остана без здив после изведбата на Aнтониа Гиговска (Видео)

Младата Антониа Гиговска ја затвори претходната ноќ на музичкото шоу “Пинкови ѕвездички” со изведбата на песната “Ако згрешам нека изгорам”.

Антонија го остави жирито без здив и сосема очекувано ги освои сите пет гласови.

“Браво Антониа. Што да ти кажам? Како владееш со гласот, колку само добро го користиш”, рече Марко Кон.

“Сето ова изгледаше затегнато како на снимка, како да имаш компресор за контрола, тоа изгледа неверојатно кога те слушаме. Да не те гледаме можеби оваа песна би била здодевна, затоа што се’ е исто. Но, едноставно ни годеше, ти си врвен пејач, нигде не погреши. Твојот начин на интерпретација не беше народњачки, но браво, браво, браво. Можеби оваа песна не е ни дорасната за твојата интерпретација” – и порача Леонтина Вукмановиќ.

Уживајте во изведбата на Антониа:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.