Какво време нѐ очекува за новогодишните празиници и во следните денови?

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на умерен мраз поради ниските утрински температури кои ќе се спуштат до -11 односно до -3 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и студено. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температуи во поголем дел од градовите ќе се задржат во негатива и ќе се движат од -5 до 5 степени.

studeno-vreme-640x360

Во вечерните часови и во текот на новогодишната ноќ, повторно голем пад на температурите и појава на умерен мраз.

Во Скопје во четврток студено утро со утринска температура која ќе се спушти до -7 степени. Во текот на денот претежно сончево, ветровито и студено. Максималната дневна температура до 1 степен.

Првиот ден во новата година ќе се разбудиме во ледено утро со многу ниски утрински температури кои ќе се движат од -14 до -5 степени. Во текот на денот сончево и дневна температура од -4 до 6 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност и максимални температури од -2 до 8 степени. Во недела и понеделник ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и снег. Во недела врнежите од снег ќе ги имаме над 800 метри надморска висина, а во понеделник над 1000 метри. Во останатите предели со врнежи од дожд. Дневните температури ќе се движат од 0 до 10 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.