И Koжув посилен од Победа: Црвено-белите загубиja и на гостувањето во Гевгелија

Победа загуби на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија со 2-1, полувреме 1-0. Резултатот е идентичен со оној од 3-тото коло на минатогодишниот шампионат, а како и лани и денес беше 2-0 па Победа намали на 2-1. И лани и денес на тој резултат Победа имаше зицер да дојде до бод.

Лани не го искористи Ристески, а на денешниот меч од 6-7 метри во судиското надополнување од 6 минути-во 94-тата минута Каралиоски биеше високо и далеку над голот на домашните. Единствената разлика на ланскиот и денешниот меч е во тоа што попладнево домаќините не креираа ниту една изгледна шанса за гол, а Победа покрај зицерот на Каралиоски имаше и една убава прилика преку Колевски, кој со глава биеше крај голот.

Но, сигурно куриозитет претставува фактот дека и покрај фактот дека 3-те гола на денешниот меч ги постигнаа фудбалерите на Победа црвено-белите загубија затоа што двата домашни погодоци фактички беа нсреќни автоголови на Дебрешлиоски во 15-тата и Колевски во 51-та минута, додека стрелец на погодокот за Победа, негов 4-ти оваа сезона, со глава беше Филип Димоски.

Избраниците на Крстески одиграа добар натпревар по тешкиот и од дождот доста натопениот терен во Гевгелија. Имаа повеќе од играта и поголем посед од домашниот состав, кој важи за тим кој игра со поголем посед на топката.

Но, кога се ќе се собере останува прилепчани да жалат за овој сигурно несреќен пораз во меч во кој не беа надиграни, а одиграа добро, далеку подобро од поразот на гостувањето во Македонска Каменица, па и минатонеделното реми дома со Плачковица.

Победа:Котевски, С.Спиркоски, Петкоски, Колевски, Белески, Ангелески, Дебрешлиоски, Дунимаглоски (од 71 мин Каралиоски), Митрески (од 57 мин Гешоски), Јошески (од 62 мин Илиоски-Кисески), и Димоски.

Резултати 5 коло: Кожуф-Победа 2-1, Тиквеш-Брегалница 1-1, Осогово-Слога 1-1, Плачковига-Росоман 3-0 и Каменица-Саса-Кит Го 2-3.

Табела:Тиквеш и Брегалница по 11, Кожуф и Слога по 8, Победа и Росоман по 7, Кит Го 5, Плачковица 4, Саса и Осогово по 3 бода.

Во следното коло во недела на 4-ти октомври ќе играат:

Победа-Осогово, Кит Го-Брегалница, Слога-Тиквеш, Росоман-Кожув и Каменица Саса-Плачковица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.