ИТНО: Проверете колку се повисоки сметките за вода? Зошто не се пониски 20%?”

И покрај предизборното ветување на сегашниот градоначалник од редовите на СДСМ во Прилеп, дека прилепчани ќе пијат 20% поевтина вода за пиење, се случи спротивното. Цената на водата за пиење остана непроменета, но поскапеа сметките за вода.

Прилепчани се пожалија дека веќе ги добиле зголемените сметки за вода.

Имено, владеачкото мнозинство со Советот на општина Прилеп, со Одлука на 19.02.2018 одлучи ставката за одведување на отпадни урбани води во сметката за вода за пиење да се зголеми од 3 денари на 5,28 денари за потрошен еден метар кубен вода.

Тоа значи дека секое семејство во Прилеп за секој потрошен метар кубен вода ќе плаќа плус 2,28 денари, а повисоките сметки веќе стасаа.

Секое семејство кое просечно троши од 15 до 20 кубни метри вода, доби сметки со околу 50 денари повеќе.

Овој дополнителен трошок особено ќе го почувствуваат фирмите, како и семејствата кои трошат поголеми количества вода.

Како пример во продолжение ви приложуваме две сметки, на кои може да се забележи дека сметките за вода навистина се зголемени, спротивно на тоа што го тврдеше сегашниот градоначалник во предизборието за локалните избори дека истите ќе поевтинат за 20%.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.