Интернационален детски фестивал „Ѕвездички“ 2016

6422-zvezdicki-2016-960x600-13

Привршуваат подготовките за новото издание на интернационалниот детски фестивал „Ѕвездички“, што од 7 до 9 октомври ќе се одржи во Прилеп.
На фестивалот ќе настапат учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Унгарија, Италија, Малта, Русија, Белорусија, Литванија… Ќе има две полуфинални вечери, кои ќе се одржат на 7 и на 9 октомври и финалето е на 9 октомври на сцената на центарот за култура „Марко Цепенков“.

6422-zvezdicki-2016-960x600-1

6422-zvezdicki-2016-960x600-2

„Фестивалот „Ѕвездички“ е единствен интернационален детски фестивал во Македонија, организиран од „Естрада мултимедија центар“. Се стреми да продуцира детски хитови и да направи од децата-учесници нови ѕвездички. Основна цел на фестивалот е да создаде цврсти пријателски врски меѓу децата од различни етнички и верски средини и да ги оживее во практиката принципите за заедничко живеење, меѓусебна толеранција и разбирање, како и надминување на културните разлики меѓу децата од целиот свет. Фестивалот е замислен како големо шоу во кое децата од повеќе држави имаат можност да ги покажат своите способности. Фестивалските денови се вистински празник за децата бидејќи сѐ на овој фестивал им е подредено ним, посочи Марјан Катароски, директор на фестивалот.

6422-zvezdicki-2016-960x600-5

6422-zvezdicki-2016-960x600-6

6422-zvezdicki-2016-960x600-8

Градоначалникот Марјан Ристески кој денес во просториите на локалната самоуправа, оствари средба со ѕвездичките посочи дека овој настан од година во година станува се помасовен и интернационален.

6422-zvezdicki-2016-960x600-20

Во изминатите години победници на фестивалот беа многу ѕвездички, кои беа најдобри и на други детски фестивали, како Дестини Чукуниери од Малта, која победи на Детската евровизија, како и нашата Антонија Гиговска.

6422-zvezdicki-2016-960x600-14

Автор: Каролина Мицеска




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.