Интервју со Антониј Мисаилески: Уште една прилепска искра во ракометот

Антониј Мисаилески е голем ракометен потенцијал кој веќе жари по паркетот. Има големи желби, а вложува уште поголеми напори за да стигне до врвот. Неговиот раскошен талент ветува голема кариера и ѕвездени натпревари.
14914552_1163907093685684_1921591636_n

Кога започна да се занимаваш со ракометот, кој се твоите мотиватори, оние на кои им должиш за твојот напредок?

 Со ракомет започнав да се занимавам на 9 годишна возраст, мојот напредок им го должам на сите мои досегашни тренери, оние од кои сум се трудел да научам нешто повеќе, а за мотиватори се разбира пред се моето семејство

Кој прв го забележа твојот голем потенцијал и кој е твојот прв ракометен клуб за кој си играл ?

Мојот потенцијал го забележа еден од тренерите на тогашните школи во Прилеп , а прв ракометен клуб ми беше “РK Филип”.

14936932_1163907087019018_1789493433_n

За успех спортистите се откажуваат од многу работи. Од што ти се откажа ? Успеваш ли да го поделиш времето спорт-учење- дружење?

Па да , за да успееш во нешто мора да се одкажеш од многу работи , тоа е правило број еден , но успевам да се навикнам на тој строг режим и се надевам во иднина би се исплатило.

Дали ракометот може некого да го промени како личност, како делува овој спорт на психофизичкиот развој во смисла на развој на телото, духот, начин на размислување?

Се разбира дека ракометот може да го промени некој како личност и не само ракометот туку и другите спортови, од случувањата на утакмиците можеш да научиш многу работи каков да бидеш во различни ситуации.

На која позиција на теренот најдобро се чувствуваш ?

Сум пробал на повеќе позиции, но централен бек ми е најдобро.

Што може да те изнервира најмногу како ракометар? Имаш ли некој непријатен настан од натпреварите ?

 Да ме изнервираат можат многу работи,  но се трудам да бидам стабилен и сконцентриран на играта и што е најважно стрплив.

14877219_1163907090352351_530294276_n

Ракометот во Македонија е во огромен подем. Колку според тебе им се дава шанса на младите ракометари да се истакнат и да се докажат себе си ?

Ракометот во Македонија е спорт број еден, па така сега му се дава шанса на младите и имаат доволно места да се докажат, а  тие што се трудат секако нема да останат незабележани.

Каде се гледаш во иднина, постои ли некоја неостварена желба ?

Во иднина се гледам како играч во некој голем европски клуб како што е Вардар.

Постои ли некој ракометар на кој му се восхитуваш и те инспирира ?

Се разбира дека постои , тоа е Даниел Нарцис

Кој е патот до успехот според тебе ?

Патот до успехот: пред се верба во себе, упорност, издржливост во сите подеми и падови, почитување на тренери, па така успехот ќе си дојди сам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.