ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ СПОРТСКАТА САЛА ВО ОУ МАНЧУ МАТАК

1111

Интензивно се одвиваат градежните активности на новата спортска сала во дворот на основното училиште Манчу Матак во Кривогаштани каде денес се започна со поставување на основниот слој на подлогата врз кој ќе следува изолационен дел и горниот финален дел од подлогата. Спортската сала е инвестиција на Министерството за образование и наука со вкупна вредност од 24.000.000 денари со која инвестиција најголемиот бенефит ќе го имаат најмладите, учениците па и повозрасните кои рекреативно ќе можат да ја користат веќе од наредната зима кога и се очекува објектот да е веќе во функција. Жителите на општината со нетрпение ја очекуваат оваа спортска сала за непречено одвивање на спортските активности во периодите од годината кога временските услови не дозволуваат користење на спортските терени на отворено. Пополека но сигурно општина Кривогаштани значително ја подобрува спортската инфраструктура во општината каде што исто така најавена е изградба на уште една спортска сала во дворот на основното училиште Јонче Смугрески во населеното место Обршани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.