Измамете ја диетата: Совршен колач од три состојки без шеќер и брашно (ВИДЕО)

Една од најлошите работи кога сте на диета е тоа што целосно се откажувате од благото. Наместо тоа треба да јадете овошје, здрави маснотии и протеини.

malini5

Рецептата за колач кој можете да го направите од сите дозволени состојки стана вистински хит на интернетот. Овој колач има совршена комбинација на благ и кисел вкус поради малините кои се додаваат, а по желба малините можете да ги замените со јагоди, вишна, боровинки или било кое овошје кое го имате при рака.

Потребни состојки: 2 презреани банани, 4 јајца, малини, јагоди или некое друго овошје по избор.

Подготовка: Бананите згмечете ги со виљушка, а јајцата изматете ги и измешајте ги со бананите. Тоа е целото тесто. Калапите за мафини малку премачкајте ги, па у секој додадете неколку малини. Потоа врз нив налејте го „тестото“ и печете на 190 степени околу 12 минути.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.