Изложба на Данчо Ордев

Tvorestvoto na Danco Ordev pred prilepcani

Во петок, 11 декември 2015  година, во 18.30 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, во  Прилеп, ќе биде отворена изложбата  ,, Енергија,, од уметникот Данчо Ордев. Академискиот сликар Ордев пред прилепчани ќе се претстави со 30 творби – апстракции, кои се пресек на неговото творештво од последните три години:

Циклусот со кој Ордев се претставува во Прилеп го започнал уште од 1995 година и оттогаш го надополнувал , развивал и прочистувал.

– Творбите се едноставен израз во кој ја пренесувам енергијата на гестот, потегот и внатрешната енергија. Создадени се без приказна и мотив, туку со чиста ликовност во бојата и потегот – вели уметникот.

,,201012'',2012,mnpl,91x73 cm-----03

7.41012.2012g.maslo na pl.91x73cm-----010

Биографија

 

Данчо Ордев е роден  на 7.5.1945 година во Скопје. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Дипломирал на  Академијата за ликовна уметност (отсек сликарство) во Загреб во 1969 година. Член е на ДЛУМ од 1973 година. Работел како  редовен професор на Педагошкиот факултет ,,Св. Климент Охридски,, во Скопје.

Има реализирано самостојни изложби во Загреб, Скопје, Битола, Струга, Прилеп, Велес, Осијек, Гостивар, Кичево, Струмица, Хелсинки, Брисел.

Учествувал  во повеќе групни изложби, меѓу кои во  Загреб, Белград, Скопје, Бања Лука, Струмица, Куманово, Струга, Марибор, Чачак, Зрењанин, Задар, Сараево, Љубљана, Нови Сад, Дорјан, Битола, Гостивар, Гевгелија, Кавадарци, Њујорк и др.

Има повеќе награди  за ликовно творештво и е учесник на повеќе ликовни колонии во Р. Македонија и во  странство.

pokana




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.