ЗА МАЛКУ НЕ СЕ СТЕПАА ВО СТУДИО: Хрватски политичар изнервиран од лажните тврдења против него, тргна да се пресмета со неистомисленикот

Во Згреб бура после оставката на потпреседателката на хрватската влада и поради шокантните мејлови кои покажуваат дека ја лажела јавноста за состојбата во Агрокор, трудејќи се да извлече корист за себе, објави порталот Индекс и додава дека врз основа на објавена електронска пошта се гледа дека за се уредно бил известен и премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

Бурно беше и во емисија на телевизија ХРТ „Отворено“ во која соговорници беа претставници на позицијата и опозицијата и кои имаа спортивни ставови за целата ситуација.

Во еден момент на прашање од водителот дали е нормално консултант да заработува по 250.000 куни (3.400 евра) неделно, Жељко Рајнер одговори дека не знае.

Пробал да истакне дека Владата почнала да го спаси „Агрокор“ во време кога продавниците биле празни, кога доставувачите престанале да доставуваат роба и финансиските долови се зголемувале. Гордон Марас дирекно прашал дали ХДЗ ќе се согласи на измени во законот и повторно да се овозможи работата на истражната комисија за „Агрокор“

А на тоа Рајнер му одговорил дека мора да го прочита законот.

Томислав Панениќ го разбесни ваквиот одговор, па стана од столот и се упати кон него барајќи да ги види листовите од кои чита.

Погледнете на 1:05 секунди што се случуваше:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.