Заради улога холивудски актер изгуби 22 килограми

Холивудскиот актер Адам Драјвер (33), кој во филмот „Тишина“, новото остварување на Мартин Скорсезе игра језуитски свештеник, изгуби 22,5 килограми за потребите на улогата, поради што е речиси е непрепознатлив во сцените објавени во трејлерот.

 

akter-640x359

Актерот, во едно неодамнешно интервју откри колку му било тешко да ги намали килограмите, но и дека доста ослабнал пред почетокот на снимањето.

– Изгубив 14 килограми пред првата клапа, а за време на снимањето уште осум ипол. Сето тоа имаше смисла. Игравме језуитски свештеници во 17-от век кои патувале две години, болни и гладни, објасни актерот и додаде дека режисерот го поттикнал на драстично намалување на килограмите.

– Бев подложен на многу екстремен режим на исхрана. За време на снимањето често немав сила да правам што било друго освен да реагирам на она што од мене го бараа на снимањето. Ми беше тешко дури и да размислувам, објасни Драјвер.

Секако, штом се вратил на вообичаените прехранбени навики и килажата се вратила на старото. 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.