Започнува Прилепското културно лето

06-07

Во петок 24 јуни во 19.30 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп ќе се отвори изложбата ,,Момент,, од вајарот Емил Солески од Прилеп. Пред своите сограѓани уметникот ќе се претстави со осум дела изработени во камен.

Со отворањето на изложбата ЦК,,Марко Цепенков,, ја стартува годинашната манифестација ,,Прилепско културно лето,, на која, речиси до крајот на август ќе се одржат бројни настани – концерти,(на хорот Злата Мегленска, на харфа на Мерсиха Шукри, на Арт либитум трио, на групата Баклава, на Фан проџект, на Бобан Мирровски…) изложби, интернационалната ликовна колонија Дрен, манифестацијата Изворен фолклор на балканските народи  и др.

02-03

…КОН ИЗЛОЖБАТА

Можеби индивидуална , повеќе универзална естетика поврзана со природата,

нејзините форми, текстури, појави во даден момент……Колку блиску е сега…..

….случајност на која ние делуваме

 

ЗА МОМЕНТОТ НА ЕМИЛ СОЛЕСКИ

Соединувањето со каменот создава привид на слевање на тишината во громогласниот екот на ѕвекот и екот од дамнини. Моментот има свој почеток, а крајот е во секој од нас. Давајќи му живост на студенилото, топлина на мртвилото, и бројни варијации на димензијата, Емил Солески ни доловува моменти од нашите клокотења преточени во изблик на несекојдневни моменти. Потенцирам несекојдневни моменти оти само тие оставаат трага во времето.

Никола Јованоски

 

Биографија за Емил Солески

Роден 1969 г.  во Прилеп. Студирал на Факултет за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство во класата на проф. Бранко Конески, со конзервација и реставрација кај проф. Благоја Кузмановски. Дипломира во 2002 под менторство на проф. Жарко Башески.

Првата самостојна изложба со наслов „Ритам“ – 2002 г. ја поставува во склоп на Н.К.С. „Десет Дена Крушевска Република“.

10-11

 

Самостојни изложби:

2002 – „Прогресија“ – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп

2003 – „Корија“ –. Чифте амам – Прилеп

2003 – „Корија“ – Галерија „Никола Мартиноски“ – Крушево

2007 – „Птица“ – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп

2010 – „Скици“ – Споменик „Илинден“ – Крушево

2014 – „Слива“ – Ц.К. „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево

 

Групни изложби:

2002 – студенти на Ф.Л.У. – „дом на АРМ“ – Скопје

2008 – Берат – Албанија

2008 – Крушево

2007, 2011, 2013, 2015 – „СКУЛПТУРИ НА НОВОТО ВРЕМЕ“ – Куманово, Струмица, Прилеп

2010, 2011, 2012, 2013, 2014 – Д.Л.У.П. – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп

 

Монументална скулптура:

2009 – Бисти на народните херои – Могила на непобедените – Прилеп

2012 – Пере Тошев, Пеце Атанасовски – Прилеп

 

Работи како ликовен педагог во Крушево. Живее во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.