Започна првото коло од првата пингпонгарска лига Здравје Радово

multitekst-mladost96

Во првото коло од првата пингпонгарска лига Здравје Радово, екипата на Младост 96 од  Прилеп,  гостуваше во Битола на екипата на Мултитекст која е претендент за највисок пласман и во крајно интересен и до крај неизвесен меч загуби со резултат 5-4. Младост 96 играше без новото засилување Стомнароски, но иако ослабен сепак пружија достоен отпор. ППК Младост 96 имаше водство со 3-0 и 4-2, но петтиот поен не беше достижен. Две победи издвојува Златко Рикалоски и по една победа постигнаа Александар Рикалоски и Методија Иваноски. Во следното второ коло наредната недела ППК Младост 96 ќе ја пречека екипата на Пошта 2 од Скопје и се очекува без поголеми напори да ги прокнижи првите бодови во лигата.

aleksandar bt




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.