ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ОПШТИНАТА

krivogastani

Општина Кривогаштани ја зафати новогодишната еуфорија со што започна украсувањето на централните подрачја во општината. Ќе се постават новогодишни елки на повеќе локации, различни украси и светилки на најфреквентните места. Оваа година општина Кривогаштани повторно работи на организиран дочек на новата година во центарот на Кривогаштани, каде граѓаните ќе ги забавува Спасен Силјаноски и Некст Тајм а со свои точки ќе се претстават и најмладите од двете основни училишта во општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.