Заменете го утринското кафе со вода

Многу жени усвоиja една утринска навика којашто им го сменила секојдневието, буквално од корен!

pienje-voda

Се работи за испивањето на чаша вода, наутро, пред појадокот или кафето, без разлика дали се работи за топла или ладна вода, со додаток на лимон или без.

Нутриционистите објаснуваат дека водата ја отстранува дехидрираноста од претходната ноќ, за разлика од утринското кафе. Всушност, водата и во вистинска смисла ќе го разбуди вашиот организам.

Водата помага во регулирањето на телесните и функциите на мозокот, а таа е и тесно поврзана со подобрувањето на расположението.

А колку за пример, ако се одлучите за ледено студена вода, таа во суштина “го шокира” телото, па може да ги подигне нивото на будност и ниското ниво на енергија, потенцираат нутриционистите.

Водата има функција и да ја пренесува храната богата со јагленохидрати и протеини, којашто ја консумирате, низ телото.

Тоа значи дека жедта би можеле да ја замените со глад, па ако не пиете доволно вода, тогаш дефинитивно ќе имате зголемен апетит.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.