Ердоган нареди борбени авиони да патролираат над Турција

turcija-f-16-650x396

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган издал наредба борбените авиони на армијата да патролираат на небето над Турција, јави Анадолија.

Летовите ќе имаат за цел поголема безбедност во земјата и контрола на воздушниот простор.

Пучистите во ноќта меѓу петокот и саботата употребија ловци Ф-16 во нападот врз зградата на Парламентот и реонот крај претседателскиот комплекс.

Ердоган наредбата ја издадал вчера.

Турското државно раководство во меѓувреме објави дека пучот е задушен, а според последните информации во него загинаа 290 лица, додека 1.440 лица се ранети.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.