Емотивно видео од прилепско училиште: Едните со ранец полн со соништа кои допрва почнуваат, а другите со крилја подготвени за лет

Училишниот двор во ООУ “Климент Охридски” беше сведок на една преубава средба – средба на минатото, сегашноста и иднината. Емоциите со кои првачињата ги испратија полуматурантите, ни покажаа дека емпатијата и заедништвото се длабоко вкоренети во срцата на учениците.

Едно преубаво видео кое ќе пробуди емоции кај секого, особено кај родителите.

-Им честитаме на полуматурантите и им посакуваме само успеси во иднина! Патиштата нека ви бидат отворени, а вие останете пример за малите кои чекорат по вашите стапки. Наша обврска е да продолжиме по истиот пат – да ги чуваме и воспитуваме новите генерации што доаѓаат, стои во описот на видеото кое го објави директорот на училиштето на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.