Важно известување од општина Прилеп за исправноста на водата во овие населени места

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место локален водоснабдителен систем Веселчани – јавна чешма сред село – на основа на извршените испитувања и стручната анализа, примерокот одговара за употреба, но мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи од 0,2-0,5 мг/л. вода.

Додека водата од Л.в.с – Загорани – Ѕвездакоски, не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 мин. Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи во границите од 0,2-0,5 мг/л. вода.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.