Дочек на Новата 2017 Година во Општина Кривогаштани со “Балканика бенд”

3-702x336

Највеселата вечер во годината, по четврт пат Општина Кривогаштани ја прослави пред општинската зграда. Вечерта со своја пригодна програма присутните ги забавуваше музичката група Балканика Бенд од Прилеп. На дочекот освен жителите на општината присуствуваа и посетители и од околните општини. Во последните мигови кога се испраќаше старата година Градоначалникот Тони Заткоски на присутните им ја честита новата година посакувајќи им многу здравје, среќа и Божја благодат. Забавата беше збогатена со голем огномет и продолжи до утринските часови.

Градоначалникот пи посети и дежурните екипи на Против пожарната единица Во Кривогаштани и Полициската станица кои со своите ангажмани  придонесоа се да помине во најдобар ред.

2

dsc05752

dsc05754

dsc0576244441




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.